РУСИТЕ ТАЈНО МОБИЛИЗИРААТ НА КРИМ Експертите велат дека вториот бран на регрутација само ќе ја влоши ситуацијата
Уште еден бран на мобилизација во наредните месеци само ќе ја влоши ситуацијата и веројатно ќе го деградира севкупниот квалитет на руските трупи кои ќе бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина, се вели во дневниот извештај на ИСВ.
Втора тајна мобилизација на Руси во војната е можна во градот Крим, тврди американскиот тинк-тенк, Институтот за војна (ИСВ), во анализата на конфликтот во петокот. Институтот се повикува на нацрт на нов повик, наводно, добиен од жител на Санкт Петербург, кој кружи на социјалните мрежи, пишува Њузвик.
„Уште еден бран на мобилизација во наредните месеци само ќе ја влоши ситуацијата и веројатно ќе го деградира севкупниот квалитет на руските трупи кои ќе бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина“, се вели во дневниот извештај на ИСВ.
Истовремено, главниот штаб на вооружените сили на Украина вчера објави дека „се во тек тајни мерки за мобилизација во редовите на руските окупациски сили“ на полуостровот Крим.
Украинските воени претставници тврдат дека во саботата се одржал специјален состанок во Симферопол, вториот по големина град на Крим, каде што „главното прашање било неисполнувањето на квантитативните показатели на мобилизацијата“.
Запрашан дали Кремљ размислува за втор бран на мобилизација, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека „не станува збор за тоа“. Сепак, тој додаде дека не може „да зборува во име на Министерството за одбрана“.
Првата руска мобилизација, која Кремљ ја нарече „делумна“, регрутираше околу 300.000 луѓе и се сметаше за голема ескалација во војната и доказ за катастрофални руски загуби на бојното поле.
Руските опозициски политичари, исто така, тврдеа дека новиот бран ќе започне во средината на јануари и рекоа дека некои покани биле испратени пред крајот на годината за да се спречат луѓето да ја напуштат земјата пред официјалното соопштение. Пред првата мобилизација, десетици илјади Руси побегнаа во други земји за да избегнат регрутирање.