РУСИТЕ ШТО ГО ЗАФРКАВАА ЗАЕВ, МУ СЕ ЈАВИЈА И НА ДУДА Полскиот претседател рекол „Нејќам војна, нејќам војна“(АУДИО)
Не сакам да имам војна со Русија и верувајте ми, јас сум екстра внимателен, екстра внимателен, рекол Дуда на англиски јазик со француски акцент мислејќи дека од другата страна на слушалката е Емануел Макрон.
Познатите руски комичари Вован и Лексус кои во 2019 година му се јавија на поранешниот македонски премиер Зоран Заев претставувајќи се како Петар Порошенко и Јенс Столтенберг, неодамна решиле да му се јават на полскиот претседател Анджеј Дуда. Тоа било ноќта кога во село на полско-украинската граница залутаа две ракети за кои светот се исплаши дека можат да предизвикаат светска војна. Едниот од шегобијците се претставил како францускиот претседател Емануел Макрон. Дуда почнал да додава француски акцент во зборувањето, што може да се слушне на снимката од 7 ипол минути, пишува Ројтерс.
– Емануел, верувај ми, јас сум особено внимателен – му вели Дуда на јавувачот.
– Не сакам да имам војна со Русија и верувајте ми, јас сум екстра внимателен, екстра внимателен.
Ależ skalp, jak oni dostają połączenie do kancelarii Dudy 😱 https://t.co/OOwa1f4aol pic.twitter.com/Ygmanr1w1t
— Monika Mesuret (@NocnaZ) November 22, 2022
Подоцна, од канцеларијата на Дуда на Твитер напишале:
„По ракетната експлозија во Пржевуд, за време на тековните разговори со шефовите на држави и влади, беше поврзано лице кое тврдеше дека е францускиот претседател Емануел Макрон. Претседателот Анджеј Дуда за време на повикот од невообичаениот начин на кој соговорникот го водел разговорот сфатил дека можеби имало обид за измама и го завршил разговорот“.
Канцеларијата на Дуда истражува како повикувачите успеале да стигнат до него заедно со соодветните служби, се вели во соопштението.
Во 2020 година, Вован и Лексус му се јавија на Дуда преправајќи се дека на телефон е генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.