РУСИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО ГРАНАТИРАЊЕ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Ова ќе биде трагедија за цела Европа
Ова ќе биде трагедија за цела Европа, напишала украинската парламентарка на Фејсбук пред три часа.
Украинската парламентарка Маријана Безухла тврди дека Русите се закануваат со гранатирање на нуклеарната централа „Енергодар“, пишува Н1.
„Внимание! Русите поставија хаубици и се закануваат дека ќе ја гранатираат нуклеарната централа „Енергодар“. Ова ќе биде трагедија за цела Европа“ , напиша украинската политичарка на Фејсбук.
Исто така, на Твитер се појавија извештаи во кои се наведува дека Русите подготвуваат воздушно слетување над Киев од Белорусија со авиони со голем број чеченски војници кои требаше да го окупираат Киев и да воспостават марионетска влада (влада контролирана од владата на друга држава како кукларот ја контролира куклата оп.а.).