Русите се топат на 34 степени, се разладуваат каде ќе стигнат (ФОТО)
Температурата се движи околу 33-34 степени. Метеоролозите велат дека овие аномални горештини се предизвикани од антициклон. Дождови со пад на температурата се очекуваат во Русија дури следната недела.
Москва, Санкт Петербург и многу градови на Урал и во Сибир веќе втора недела се печат на горештини крајно необични за ова поднебје, објавиja Руска реч.
Температурата се движи околу 33-34 степени. Метеоролозите велат дека овие аномални горештини се предизвикани од антициклон. Дождови со пад на температурата се очекуваат во Русија дури следната недела.
Во Москва температурата веќе две недели е над 33 степени, а во некои региони се искачува и на 37 степени. Московјаните бараат спас во градските фонтани, паркови и сите зони каде што во предградијата е дозволено капење.
Службата за социјална заштита на жителите на Москва отвори повеќе од 300 „студени соби“ во сите дистрикти на руската престолнина, а секоја таква просторија може месечно да прими до 100.000 луѓе.
Улиците се прскаат со вода на секои три часа за да не се прегрее асфалтот.
Во Санкт Петербург температурата е незначително пониска – се движи околу 31-32 степени, но неодамна беше забележана максимална температура нешто над 35 степени. Обично ретко надминува 25 степени.
За локалното население жештината послужи како повод за отворање на сезоната на капење во инаку секогаш студениот Фински залив.
Според медиумот, дури и сибирскиот град Краснојарск одеднаш стана летувалиште, бидејќи цела недела температурата беше над 30 степени.
Дождови со пад на температурата се очекуваат во Русија дури следната недела.