РУСИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ЧЕРНИХОВ Заминувањето беше најавено уште на преговорите на 29 март
Русија на 29 март соопшти дека ќе ги намали операциите околу Чернихов и околу главниот град Киев во обид да ја „зајакне меѓусебната доверба“ во мировните преговори. Денеска украинските сили објавија дека Русите веќе не напредуваат во Вишхород околу Киев и во делови на јужниот регион околу градот Херсон. Самиот град Херсон, сепак, останува единствен голем украински град под руска опсада.
Руските сили се повлекуваат од украинскиот северен регион Чернихов, изјави гувернерот на градот, Вјачеслав Чаус.
– Сè уште се можни воздушни и ракетни напади во регионот, никој не го исклучува тоа – посочи Чаус.
Тој додаде дека украинските сили влегуваат и ги обезбедуваат населбите кои претходно беа под контрола на руските војници.
Русија на 29 март соопшти дека ќе ги намали операциите околу Чернихов и околу главниот град Киев во обид да ја „зајакне меѓусебната доверба“ во мировните преговори.
Претходно, украински владини претставници изјавија дека е запрено напредувањето на руските сили во североисточните предградија на Киев и во јужниот регион Херсон.
Игор Сапожко, градоначалникот на Бровари, лоциран североисточно од Киев, наведе дека руските сили заминале од околината на градот. Руските сили не го зазедоа Бровари и покрај тешките борби во соседните села.
Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович на Телеграм објави дека украинските сили го ослободиле градот Вишхород, што е лоциран северно од Киев. Според него, украинските сили ја вратиле контролата врз 11 градови и села во јужниот регион Херсон.
Самиот град Херсон, е единствениот голем украински град заземен од руските сили.