РУСИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАПОРОЖЈЕ Зеленски му се пожалил на Макрон дека постои сериозна закана за централата
Зеленски во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон изразил загриженост поради намерата на Русија да изврши „опасни провокации“ во нуклеарната централа Запорожје, која моментално е под контрола на Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во текот на викендот им соопштил на медиумите во Киев дека „постои сериозна закана, Русија е технички подготвена да предизвика локална експлозија во електраната (Запорожје), што може да доведе до испуштање на опасни материи во воздухот“.
– Ние разговараме за сето ова со нашите партнери за сите да разберат зошто Русија го прави ова и затоа се врши политички притисок врз Руската Федерација да не размислува за тоа – додаде тој.
Зеленски во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон изразил загриженост поради намерата на Русија да изврши „опасни провокации“ во нуклеарната централа Запорожје, која моментално е под контрола на Москва.
Централата, најголемата во Европа, е предмет на постојани безбедносни грижи поради руската инвазија на Украина, која трае повеќе од една година.
Зеленски ја истакна потребата да се одржи максимална контрола врз ситуацијата и да се вклучи Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во решавањето на потенцијалните ризици.