РУСИТЕ НАПАДНАА 40 ГРАДОВИ ВО ИСТО ВРЕМЕ Украинците тврдат дека во нападите се убиени 5 цивили

Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети, соопштија украинските вооружени сили.

1,181

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.

„Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети“, соопштија украинските вооружени сили на „Фејсбук“.






Во соопштението на армијата се наведува дека биле одбиени десет напади на руската армија, а уништени се четири тенкови и четири дронови. Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.

Во објавата не се прецизира кога се случиле нападите.

Поврзани содржини