РУСИТЕ ГО НАПАДНАЛЕ РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ Со дронови-камикази е уништено училиште

1,864

Руските сили го нападнаа Криви Рех со дронови-камикази, јави АП.

Криви Рех е роден град на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.






Нападот на јужниот украински град во кој Зеленски пораснал се случил рано утрово, вели Валентин Резниченки, гувернер на Дњепропетровск, додавајќи дека во нападот се уништени два ката од училиште.
Русија се повеќе користи ирански дронови-камикази за напад на украински мети. Украинската војска објави дека во текот на ноќта соборила пет ирански дронови на југот на Украина, додавајќи дека два сепак се пробиле низ нивната противвоздушна одбрана.
Поврзани содржини