РУСИТЕ ГИ ПРЕМЕСТУВААТ ТРУПИТЕ Воените вежби со Лукашенко може да почнат (ВИДЕО)

Војниците на рускиот источен воен округ се распоредени на оддалеченост до 10.000 километри како дел од инспекцијата на силите за реакција, изјави Сергеј Шојгу рускиот министер за одбрана.

548

Русија веќе преместува трупи за својата воената вежба „Сојузничка одлучност – 2022“ во чии рамки заедно со Белорусија ќе вежбаат сузбивање и одбивање на надворешната агресија, како и борба против тероризмот.

 






– Војниците на рускиот источен воен округ се распоредени на оддалеченост до 10.000 километри како дел од инспекцијата на силите за реакција – изјави Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана.

 

Шојгу рече дека првата фаза од проверката е во тек и дека единиците на авијацијата и воздушната одбрана се преместени, пренесува РИА Новости. Според него, војниците ќе вежбаат заштита и одбрана на државните и воените објекти, како и државните граници во воздушниот простор, во рамките на Единствениот регионален систем за воздушна одбрана на Белорусија и Русија.

 

Проверката на реакцијата на сојузните државни сили ќе се одвива во две фази. Во првата фаза, до 9 февруари, ќе се формираат воени групи на територијата на Белорусија. Во втората фаза, од 10 до 20 февруари ќе се одржи заедничката вежба.

Поврзани содржини