🎥 РУСИTE ЕКСПЕРИМЕНТИРААТ СО ТЕНКОВИ РОБОТИ ШТО ИСФРЛААТ ГРАНАТИ Украинците ги пресретнаа со дронови

Ова е првпат досега вооружено беспилотно копнено возило (УГВ) без човечки персонал, да биде испратено на механизиран напад од големи размери.

748

Руските сили минатата недела во Украина извршија експериментален напад со нови руски роботски тенкови вооружени со гранати. Тие се приклучија на нападот врз украинските позиции околу населбата Бердичи, западно од урнатините на Авдијивка.

Ова е првпат досега вооружено беспилотно копнено возило (УГВ) без човечки персонал да биде испратено на механизиран напад од големи размери. Борбениот тест постигнал огромен успех, според еден руски пропагандист. Додека од украинска страна информираат декадека најмалку два од пет или шест руски УГВ мали автоматски тенкови прво биле имобилизирани, а потоа кренати во воздух со украински летачки дронови, пишува Форбс.






Копнените роботи, долги околу еден и пол метар и вооружени со фрлачи на гранати АГС-17, беа воведени во борбите како дел од руските напади западно од Авдијивка. Тој град, поранешно украинско упориште во источна Украина, падна пред еден месец благодарение на руските бомби и пешадиските напади за кои Русите скапо платија.

„Како дел од борбената мисија, група јуришни дронови ги поддржаа операциите, обезбедувајќи сузбивање на непријателските позиции користејќи ги инсталираните фрлачи АГС-17 од кои испукаа неколку стотици гранати“ – напиша пропагандистот Борис Рожин.

„За време на борбената мисија, беспилотните летала постигнаа добри резултати. Тие продолжија да работат дури и во услови кога загубата на војници и скапа опрема би била неизбежна“ – додава Рожин.

Она што Рожин не успеа да го спомене е дека 47-та механизирана бригада на украинската армија онеспособи или оштети најмалку два роботи тенкови, а потоа испрати мали воздушни дронови ФПВ да ги кренат во воздух.

Фактот дека руските УГВ тенкови се загрозени од украински летачки дронови не го изненади Семјуел Бендет, советник на тинк-тенк со седиште во Вирџинија, кој се фокусира на руската воена технологија.

– Во моментов сè што се движи на бојното поле е забележано и погодено од дронови – истакнува американскиот политички аналитичар.

Обидувајќи се да го надополни недостигот на оружје во своите редови (кој дојде до својот зенит во октомври минатата година кога проруските републиканци во американскиот Конгрес почнаа да ги блокираат пратките со помош), Киев ангажираше мрежа од стотици мали работилници за изградба на најмалку 50.000 мали ФПВ дронови месечно. Бригадите го опремуваат секое беспилотно летало со боева глава и го испраќаат кон руските трупи, дури и на оддалеченост од неколку километри.

Неефикасните руски радио-заглавувачи генерално, не можат да ги сопрат украинските беспилотни летала. Украинските заглавувачи, од друга страна, се многу поуспешни во заземјување на лошо направени руски дронови ФПВ, давајќи им на Украинците постојана – и растечка – предност во борбата со беспилотни летала. Таа предност им овозможува на украинските бригади да продолжат да се спротивставуваат на масовните руски копнени напади, вклучително и неодамнешниот тенковски напад кој можеби беше најголемиот од почетокот на инвазијата што почна пред повеќе од две години.

Малите дронови ФПВ убиваат пешаци и уништуваат возила, со екипаж или без екипаж.

„Ова е нешто за што треба да се размислува за време на развојот на копнените системи. Оклоп за заштита од дронови кој потсестува на кафез може да помогне во заштитата на возилата со екипаж, а на беспилотните им е потребна слична заштита.“ – истакнува Бендет.

Рускиот пропагандист Борис Розин во објавата посочува дека роботите кои беа уништени за време на нападот околу Бердичи може да се надградат. Тој нагласи дека сегашните УГВ се тест модели и случајно спомна „понатамошен развој“.

„Во иднина, ваквите платформи ќе имаат свое место на бојното поле“ – напиша Рожин.

Поврзани содржини