🎥 РУСИТЕ БЕГААТ ОД ПОГРАНИЧНИТЕ ОБЛАСТИ Се засилуваат нападите на руските бунтовници
Повеќе од 7.600 цивилни возила денеска ги напуштиле регионите Белгород и Курск. Луѓето кои не се евакуираа, се повикани да останат во засолништата и во нивните домови во наредните денови додека продолжуваат ограничените воени операции на руските бунтовници.
Рускиот волонтерски корпус (РДК), Легијата за слобода на Русија (ЛСР) и Сибирскиот баталјон продолжуваат со нападите во руските погранични региони Курск и Белгород.
„Трупите на Путин немаат каде да се сокријат“ – објавија борците од Легијата за слобода на Русија на Телеграм.
Поради исклучително тензичната ситуација во овие региони, кои бунтовниците или руските партизани ги нарекуваат борбени зони, започна евакуацијата на цивилното население и отворен е хуманитарен коридор за оние кои сакаат да ги напуштат своите места.
I just checked the trail-cam and the locals are still running away from #Belgorod…#OSINT #Russia #Ukraine pic.twitter.com/b98b5XPT8a
— OSINT (Uri) 🇺🇸 🇨🇦 🇬🇧 🇺🇦 🇮🇱 (@UKikaski) March 15, 2024
Според последните информации што бунтовниците ги објавија на нивните канали, до утринава повеќе од 7.600 цивилни возила ги напуштиле регионите Белгород и Курск. Оние кои не се евакуираа беа повикани да останат во засолништата и во нивните домови во наредните денови додека продолжуваат ограничените воени операции.
Legionnaires congratulate on the first day of elections! We are voting for a free Russia.
And all residents of the Belgorod and Kursk regions who did not use the humanitarian corridor, we urge them to remain in shelters. pic.twitter.com/T4hcGxUamO
— “Liberty of Russia” Legion (@legion_svoboda) March 15, 2024
Бунтовниците најавија и дека по завршувањето на коридорот ќе продолжат да ги уништуваат воените објекти во Белгород и Курск „додека регионите целосно не се исчистат од војниците на Путин“.
Тие, исто така, ги обвинија силите на Путин дека користат „човечки штитови“, ставајќи ги во посебен ризик цивилите во овие погранични региони.
Руските режимски медиуми генерално, не известуваат за настаните во овие погранични региони, но ТАСС во четвртокот објави дека во Белгород е на сила предупредувањето поради можни ракетни напади и ги повика граѓаните да останат во засолништа.
Оваа информација ја пренесе и РИА Новости, како и изјавата на гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, кој тврди дека бројот на лажни вести е зголемен во последните 3-4 дена.
– Целта на непријателот е да уништи сè, да повреди, убива, да ги уништи нашите домови, но најмногу да не исплаши. Толку лажни информации немавме во последните две и пол години – рече Гладков и додаде дека нема причина за паника.
BREAKING:
🇺🇦🇷🇺 Ukraine strikes residential areas of Belgorod: 13 houses and about 10 cars damaged
After yesterday’s incursion of the Ukrainians into Russian territory ended ingloriously, where they lost a huge number of people and about 18 military vehicles, today Ukraine is… pic.twitter.com/7igvyWNaQi
— Megatron (@Megatron_ron) March 15, 2024
Сепак, фотографиите од официјалните агенции покажуваат дека ситуацијата во овие региони не е толку мирна како што тврди рускиот функционер. Може да се видат последиците од ракетниот истрел, а непотврдените видеа објавени од бунтовниците на социјалните мрежи, исто така, укажуваат на борби во овие области. Истовремено и самиот Гладков во средата потврди дека едно лице загинало, а тројца се повредени.
❗Powerful EXPLOSION at one the polling station in the #Belgorod region pic.twitter.com/sPSk39Fd38
— Азов South (@Azovsouth) March 15, 2024