РУСИЈА ВЕЧЕРВА ЌЕ ТЕСТИРА МОЌНА РАКЕТА „Јарс“ има дострел од неверојатни 10.000 километри

Ракетите од типот РС-24 „Јарс“ се тристепени интерконтинентални балистички ракети на цврсто гориво, кои имаат дострел поголем од 10.000 километри, што ги прави еден од најопасните елементи на рускиот нуклеарен арсенал.

361

Русија има намера да изврши „тренинг-борбено“ лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета РС-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта меѓу 18 и 19 мај 2025 година, објави УНН, повикувајќи се на украинската Главна разузнавачка управа (ГУР).

„Со цел демонстративно да изврши притисок и заплашување врз Украина, како и врз земјите-членки на ЕУ и НАТО, државата агресор Русија планира да изврши „тренинг-борбено“ лансирање на интерконтинентална балистичка ракета РС-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта помеѓу 18 и 19 мај 2025 година“, се наведува во извештајот.






Според истиот извор, лансирањето на ракетата, која ќе биде опремена со тренинг боеви глави, ќе биде извршено од мобилен ракетен систем со копнена база, и доделено му е на екипажот на 433-от полк на 42-та дивизија на 31-та армија на Стратешките ракетни сили на Русија.

Местото за лансирање ќе биде област во близина на селото Свободни, во регионот Свердловск во Русија.

Ракетите од типот РС-24 „Јарс“ се тристепени интерконтинентални балистички ракети на цврсто гориво, кои имаат дострел поголем од 10.000 километри, што ги прави еден од најопасните елементи на рускиот нуклеарен арсенал.

Поврзани содржини