РУСИЈА ТРЕБА ДА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА СО „ОРЕШНИК“, И ТОА НЕ ЕДНАШ, НО НЕКА РЕШИ ПУТИН Шефот на рускиот Комитет за одбрана даде опасен предлог
Повикот за акција доаѓа како одговор на она што се чини дека е најголемиот украински напад врз Русија со беспилотни летала од почетокот на војната.
Русија треба да ја нападне Украина со балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, изјави шефот на Комитетот за одбрана на руската Државна дума, Андреј Картаполов, објави Москов тајмс.
Повикот за акција доаѓа како одговор на она што се чини дека е најголемиот украински напад врз Русија со беспилотни летала од почетокот на војната.
– Одлуката зависи од врховниот командант, односно од претседателот на Русија, Владимир Путин, но мислам дека не би било неразумно (Украина) да се гаѓа со „Орешник“, подобро, дури и повеќе од еднаш – рече Картаполов.
Коментарите на Картаполов следуваат по извештаите на руското Министерство за одбрана дека нејзината воздушна одбрана пресретнала бран од 337 беспилотни летала низ повеќе региони, а 74 наводно биле соборени при пристапот кон Москва.