РУСИЈА СПРЕМА ДЕЛЕГАЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЗЕЛЕНСКИ ВО ИСТАНБУЛ Ќе дојде ли Путин?
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин, лично да се сретне со него во Истанбул за време на преговорите, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека Русија продолжува со подготовките за преговорите в четврток.
Руската делегација се подготвува за преговори во Турција.
– Русија продолжува со подготовките за преговорите в четврток. Тоа е сè што можеме да кажеме во моментов – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг со новинарите, објави Москов тајмс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин лично да се сретне со него во Истанбул за време на преговорите, но Кремљ досега одбива да каже дали рускиот лидер е подготвен за средба лице в лице со Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека во Истанбул ќе преговара само директно со Путин.
ЗЕЛЕНСКИ САКА ДА СЕ ВИДИ САМО СО ПУТИН Ќе има ли руска делегација во Истанбул?