РУСИЈА СЕ ОДНЕСУВА КАКО НАЦИСТИЧКА ГЕРМАНИЈА ПРИ НАПАДОТ НА СССР „Путин чекори по патот на злото“

Нападот во раните утрински часови врз украинските сили од страна на Русија беше „злобен“ и сличен на тоа како нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна. Русија оди по „патот на злото“, рече претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

632

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Русија се однесува како „нацистичка Германија“.

Во телевизиска изјава денеска тој соопшти дека неговата нација ги прекинала сите дипломатски односи со Русија.






– Нападот во раните утрински часови врз украинските сили од страна на Русија беше „злобен“ и сличен на тоа како нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна. Русија оди по „патот на злото“ – рече Зеленски.

Дека „ова е војна на Путин“ и дека Русија денеска грубо го прекршила меѓународното право, нанесувајќи им страдање на соседите, посочи и германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Русија го доведува во прашање мировниот поредок на нашиот континент. Ова е војната на Путин. Путин направи голема грешка со својата војна – подвлече тој.

Шолц додаде дека тој на украинскиот претседател му ја изразил целосната германска солидарност.

Канцеларот наведе дека го свикал Советот за национална безбедност за да донесе одлука за натамошни активности и ги повика сите германски граѓани да ја напуштат Украина заради сопствена безбедност.

Тој рече и дека побарал од претседателот на Бундестагот в недела да закаже вонредна седница на која ќе им се обрати на пратениците за ситуацијата во Украина.

Шолц најави и дека попладнево како претседавач со Г7 ќе се заложи за единствената силна реакција на најсилните демократии во светот.

Тој додава дека Германија е во тесна соработка со своите партнери во НАТО и ЕУ и со нив ќе одлучи за дополнителни строги санкции.

– Целта на санкциите е јасно да му се стави до знаење на руското раководство дека ќе плати висока цена – рече германската канцелар.

Поврзани содржини