РУСИЈА СЕ ОДМАЗДУВА ЗА КРИМСКИОТ МОСТ Путин вели дека ракетите се одговор на „терористичките напади на руска територија“
Извршени се напади во Киев и регионот Хмелницки, Лвов и Дњепар, Виницја, Ивано-Франковскиот регион, Запорожје, Суми, Харков, Житомир, Кировохрад, во јужниот дел на земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин денешните ракетни напади на Москва врз бројни украински градови ги опшиша како одговор на „терористичките напади на руска територија“ и предупреди дека може да следи уште поостар одговор, јави ДПА.
Путин повторно ја обвини Украина за нападот врз мостот на Крим, нарекувајќи го тоа „терористички чин” Тој рече дека Украина се обидела да го дигне во воздух и гасоводот „Турски ток”.
– Ако нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе биде остар. Одговорите ќе бидат со иста јачина како и заканите за Русија. Во случај на натамошни обиди за извршување терористички акции на наша територија, одговорот на Русија ќе биде остар – рече Путин на состанокот на Советот за безбедност на Руската Федерација.
Тој призна дека „ракетите со голем дострел” имале за цел енергетски, воени и комуникациски објекти на Украина во координиран напад.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, возврати на најновите закани на Путин и рече дека рускиот претседател не бил „испровоциран да изврши ракетни напади со голем дострел против Украина”.
„Путин ја напаѓа Украина затоа што е очаен и користи ракетен терор за да се обиде да го промени темпото на војната во своја полза”, посочи Кулеба во серија твитови.
Украина од изутринава е нападната со најмалку 75 проектили, соопшти началникот на генералштабот на украинската армија Валериј Залужни, додавајќи дека 41 од нив биле соборени од воздушната одбрана на Украина.
„Вооружените сили прават се за да ги заштитат сограѓаните. Сепак, непријателскиот напад продолжува. Ги повикувам сите да останат во засолништата”, напиша тој на Твитер.
Украинското Министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади.
„Утрото е тешко. Имаме работа со терористи. Десетици проектили, ирански „шахиди”. Тие имаат две цели. Едната цел се енергетски капацитети низ целата држава, а другата цел се луѓето“ – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, во денешното видео-обраќање.
Тој потврди дека се извршени напади во Киев и регионот Хмелницки, Лвов и Дњепар, Виницја, Ивано-Франковскиот регион, Запорожје, Суми, Харков, Житомир, Кировохрад. во јужниот дел на земјата.