РУСИЈА ОБЈАВИ ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО НЕКОЛКУ ГРАДОВИ Украина се фали дека убила важен руски генерал

Руската Федерација најави прекин на огнот од 10 часот (по московско време) на 8 март, „за евакуација на цивили од Киев и други градови“.

1,829

Русија вечерва објави дека утре ќе стапи во сила прекин на огнот во неколку украински градови поради евакуација на цивили преку хуманитарни коридори, јавија повеќе светски медиуми.

Руската Федерација најави прекин на огнот од 10 часот (по московско време) на 8 март, „за евакуација на цивили од Киев и други градови“.






Станува збор и за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции.

Украинците, пак, тврдат дека убиле важен руски генерал.

„Уште еден пораз меѓу врвниот тим на армијата на окупаторската земја. За време на битките кај Харков, елиминиран е Виталиј Герасимов – руски воен командант, генерал-мајор, началник на Генералштабот и прв заменик командант на 41-та армија на Централниот воен округ на Русија. Убиени се и ранети неколку високи офицери на руската армија“, соопшти Управата.

Виталиј Герасимов учествувал во Втората чеченска војна и руската воена операција во Сирија. Добил и медал „за враќање на Крим“, соопшти Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.

Поврзани содржини