РУСИЈА НЕМА ДА УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Кремљ потврди, тоа не е дел од „специјалната операција“

Заитсев денеска нагласи дека руското користење на нуклеарно оружје, ризик на што западни официјални лица предупредија неколку пати, „не е применувано во специјалната воена операција“.

172

Кремљ во неколку наврати нагласи дека не планира да користи нуклеарно оружје во Украина. Ова тврдење сега го повтори и Алексеј Заитсев, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

Тој денеска нагласи дека руското користење на нуклеарно оружје, ризик на што западни официјални лица предупредија неколку пати, „не е применувано во специјалната воена операција“.






Западни официјални лица, како и аналитичари, предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин, поради неуспехот да го скрши жестокиот отпор на Украинците, би можел да премине на некој вид нуклеарен удар.

Минатиот месец, директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс истакна оти, со оглед на загубите што ги претрпе Русија во Украина, „никој не смее лесно да ја игнорира заканата од можна употреба на тактичко нуклеарно оружје“.

Поврзани содржини