РУСИЈА НЕМА ДА ПОСЕГНЕ ПО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Песков објаснува дека тоа е можно само ако има закана за земјата
Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за американската телевизија Пи-Би-Ес (ПБС) изјави дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.
– Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме и ние навистина ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја – посочи Песков.
Тој додаде дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.
Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.
Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори, посочи Песков.