РУСИЈА НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ УКРАИНА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ Едно е влез во НАТО, а друго е влез во Европската Унија, потенцира Песков

Зборуваме за интегративни и економски интегративни процеси. И тука, се разбира, никој не може ништо да ѝ диктира на ниедна земја, а ние нема да го сториме тоа, појасни портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во контекст на ставот на Русија за потенцијален влез на Украина во Европската Унија.

657

Иако во оваа фаза не можеше да даде оценка за преговорите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека денешните разговори би можеле да разјаснат повеќе околу евентуалната средба лице в лице меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

– Путин постојано кажуваше дека е подготвен да зборува за мир – рече тој, инсистирајќи дека Русија сака да ги постигне своите цели, но дека претпочита да го стори тоа мирно.






На прашањето дали Украина може да влезе во Европската унија, Песков одговори дека „тоа е суверено право на секоја земја, ние нема да диктираме“, објави Ројтерс.

– Зборуваме за интегративни и економски интегративни процеси. И тука, се разбира, никој не може ништо да ѝ диктира на ниедна земја, а ние нема да го сториме тоа. Но, сосема поинаку e кога станува збор за безбедносни прашања и za воени сојузи. Овде имаме поинаков пристап кој е добро познат – објасни Песков.

📽 ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ВО РИЈАД БЕЗ УЧЕСТВО НА КИЕВ Ќе се водат тешки разговори за Украина

Поврзани содржини