РУСИЈА НЕ ОТСТАПУВА НИТУ ОД ПОЗИЦИИТЕ, НИТУ ОД ЦЕЛИТЕ Кремљ не очекува напредок во мировните преговори со Украина

Нема основа за надеж во некакво чудо, но ние ќе ги браниме нашите интереси, ќе се заложиме за нивно остварување и ќе продолжиме да ги исполнуваме задачите што си ги поставивме од самиот почеток, вели портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

324

Кремљ не очекува значителен напредок во мировните преговори со Украина што треба да се одржат утре во Турција, соопшти портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Русија, како што наведе, останува на своите позиции и нема да отстапи од првично поставените цели.






– Нема основа за надеж во некакво чудо, но ние ќе ги браниме нашите интереси, ќе се заложиме за нивно остварување и ќе продолжиме да ги исполнуваме задачите што си ги поставивме од самиот почеток – изјави Песков.

Тој додаде дека темата на преговорите меѓу Русија и Украина е „доста сложена“ и дека ќе се разговара и за нацрт-меморандумите што двете страни ги разменија при последната рунда разговори.

Последната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина се одржа на почетокот од јуни во Истанбул, но без конкретен резултат. Новата рунда, според најавите, ќе започне в среда, 23 јули, повторно во Турција.

Поврзани содржини