📽️ РУСИЈА НАСКОРО ЌЕ ПРЕТСТАВИ НОВО ОРУЖЈЕ Путин одговари на испораките на американски ракети на Украина

Рускиот претседател рече дека влегуваат во последната фаза на тестирање и дека наскоро ќе го објават новото оружје, но не прецизираше за каков вид станува збор.

280

Русија и САД останаа во рамките на договорите постигнати на „самитот во Алјаска“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по посетата на Душанбе.

Според него, Москва и Вашингтон имаат разбирање за тоа како да го решат конфликтот во Украина со мирни средства, но ова се „сложени прашања“ кои бараат понатамошна работа и координација.






Тој исто така изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп искрено се залага за мирно решавање на кризата во Украина, нагласувајќи дека оваа цел е сложена, но остварлива со политичка волја и сериозни преговори.

Замолен да коментира за испораката на ракетите Томахавк на Украина и како Русија ќе реагира на ова.

– Нашиот одговор е да го зајакнеме системот за воздушна одбрана на Руската Федерација – рече Путин.

Тој исто така оцени дека изјавите на Володимир Зеленски за можни напади врз Москва со ракети Томахавк претставуваат еден вид „фалење“.

 

Путин исто така рече дека Русија наскоро ќе објави и има ново оружје кое во моментов успешно се тестира. Сепак, тој не прецизираше за каков вид оружје станува збор.

– Влегуваме во последната фаза и мислам дека наскоро ќе имаме можност да го објавиме новото оружје што го споменавме претходно – рече рускиот лидер.

Коментирајќи ги плановите на некои земји за спроведување нуклеарни тестови, претседателот истакна дека Москва ќе одговори на ист начин.

Поврзани содржини