РУСИЈА КРАДЕ, НЕ КУПУВАЈТЕ НИШТО Европа повикува да се проверува потеклото на храната

На прес-конференција во Брисел, Стано рече дека ЕУ не е воен сојуз за да може да го контролира извозот преку Црното Море, но и дека може да добие информации и да ги информира партнерите во светот за обидите на Русија да „извезе украдено жито“ на светските пазари.

483

Европската унија ги повика сите партнери во светот да го проверат потеклото на храната што ја купуваат од Русија и да не прифаќаат ништо што е „украдено од украинска територија“, пишува Б92.

– Знаеме дека Русија, пред да уништи, крадеше залихи на украинско жито. Знаеме и дека тие се обидуваат да извезат украдено жито, како што беше случајот со Египет, кој одби – рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.






На прес-конференција во Брисел, Стано рече дека ЕУ не е воен сојуз за да може да го контролира извозот преку Црното Море, но и дека може да добие информации и да ги информира партнерите во светот за обидите на Русија да „извезе украдено жито“ на светските пазари.

Брисел го повторува обвинувањето дека Русија е одговорна за кризата во понудата и растот на цените на храната ширум светот поради уништувањето на земјоделското земјиште и залихите на храна во Украина.

Поврзани содржини