РУСИЈА КОНТРА Г7, МОЖЕ ДА СТАВИ СВОЈА КАПА НА НАФТАТА Се размислува за фиксен плафон или за фиксни попусти
Русија изјави дека нема да се придржува до ограничувањето на цената на нафтата, дури и ако мора да го намали производството, објави Ројтерс.
Москва размислува или да воведе фиксна цена за барел руска нафта или да пропише максимални попусти на меѓународниот пазар на кој може да се продава руската нафта, објави денеска Блумберг, цитирајќи двајца функционери запознаени со планот.
Ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел, наметнато од ЕУ, Г7 и Австралија, стапи на сила во понеделникот.
Западот на тој начин се обидува да ја ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина, но Русија изјави дека нема да се придржува до ограничувањето на цената на нафтата, дури и ако мора да го намали производството, објави Ројтерс.