Русија испука три истрели: Ќе ги штитиме своите граници! (ВИДЕО)

Кој од кого се одбрани вчера во водите на Црното Море? Според Рјабков, ситуацијата е како анегдота: руската граница ја крши британски брод чие име значи „Бранител“.

631

Три предупредувачки истрели во воздух испукала вчера Црноморската флота на Русија за да го предупреди британскиот воен брод „Дефендер“ да не навлезе во руски води. Дали тоа беа руски води, или дел од Украина како што вели британската страна? Чиј е Крим?

Погледнeте ја снимката која ја направи руски воен авион:






– Територијалниот интегритет на Русија е неприкосновен. Неповредливоста на нејзините граници е апсолутен императив. Ние ќе го заштитиме, и дипломатски и политички, и доколку е потребно, со воени средства – рече Сергеј Рјабков, заменик министер за надворешни работи на Русија.

Според Рјабков, ситуацијата е како анегдота: руската граница ја крши британски брод чие име значи „Бранител“. Кој од кого се одбрани вчера во водите на Црното Море?

Откако завлегол 3 километри во водите на Крим, британскиот брод по истрелите се вратил назад. Тој бил и претходно предупреден дека Русија ќе искористи оружје, објаснуваат од министерството.

Поврзани содржини