РУСИЈА ИМА НОВ УСЛОВ ПО НАПАДОТ НА КРИМ? Третата рунда преговори виси во воздухот

Аналитичарите го толкуваат новото руско барање како загриженост на Москва по неодамнешните украински напади на руски стратешки бази и на Кримскиот мост.

1,482

Tретата рунда разговори со Киев би можела да се одржи до крајот на месецот, но само ако Украина престане да напаѓа воздушни бази во кои се сместени руски стратешки бомбардери, изјави високиот функционер на руската Дума, Алексеј Чепа. Аналитичарите го толкуваат новото руско барање како загриженост на Москва по неодамнешните украински напади.

Барањето доаѓа само два дена по големиот украински напад со беспилотни летала врз воените аеродроми низ Русија, вклучувајќи ги и базите во Сибир, во кој беа погодени бомбардерите Ту-95, Ту-160 и Ту-22М3, клучни носачи на руските ракетни напади врз Украина.






Денес е извршен нов напад на Кримскиот мост, во кој, според украинската безбедносна служба СБУ, биле употребени 1.100 килограми подводен експлозив.

Мостот бил затворен и повторно отворен неколку пати во текот на денот, а сообраќајот накратко бил целосно прекинат.

Директорот на Украинската безбедносна служба (СБУ), Генерал-полковник Васил Малиук изјави дека Кримскиот мост е легитимна мета.

– На територијата на нашата земја нема место за никакви нелегални руски објекти. Затоа, Кримскиот мост е апсолутно легитимна цел, особено имајќи предвид дека непријателот го користеше како логистичка артерија за снабдување на своите трупи – наведе Малиук.

Поврзани содржини