РУСИЈА ИМ ГИ ОТПИША КРЕДИТИТЕ НА ВОЈНИЦИТЕ ШТО СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА Секому му е простен долг до 9.200 евра
Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра) за учесниците во војната во Украина.
Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра) за учесниците во специјалната воена операција, се наведува во документ објавен на веб-страница за официјалното објавување на правните акти.
Законот се однесува на мобилизираните лица кои служеле воена служба во вооружените сили на Русија и склучиле договор за период од една година или повеќе за учество во Специјална воена операција до 1 декември 2024 година.
Законот ќе се применува и на нивните сопружници, пренесува Риа.ру.