РУСИЈА И УКРАИНА ЌЕ РАЗМЕНАТ ПО 175 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ Дали ова е почеток на крајот на конфликтот?
„Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници“, се вели во соопштението на Кремљ.
Русија и Украина утре ќе разменат 175 воени заробеници од двете страни, изјави претседателот Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп.
„Путин објави дека на 19 март руската и украинската страна ќе разменат по 175 затвореници“, се вели во соопштението на Кремљ.
Белата куќа, од своја страна, објави дека Трамп и Путин се договориле за 30-дневен прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор на Украина и дека преговорите за ставање крај на конфликтот ќе започнат „веднаш“.
Тие разговори ќе бидат на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, пофалувајќи ги „огромните придобивки од подобрените односи“ меѓу САД и Русија.