РУСИЈА И КИНА ЈА ЗАЈАКНУВААТ ВОЕНАТА СОРАБОТКА Путин најави можна посета на Си Џипинг напролет

Во руско-кинеската соработка посебно место има воената и техничката соработка која придонесува за безбедноста на нашите земји и одржување на стабилноста во клучните региони, нагласи Путин.

114

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, за време на видео средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека сака да ја зајакне воената соработка со Кина, фалејќи го отпорот на Москва и Пекинг на притисокот на Западот.

– Во контекст на западниот притисок и провокациите без преседан, ние ги браниме нашите принципиелни позиции – рече Путин во разговорот со Си.






Според него, „координацијата на Москва и Пекинг на меѓународната сцена служи за создавање праведен светски поредок заснован на меѓународното право”.

– Во руско-кинеската соработка посебно место има воената и техничката соработка која придонесува за безбедноста на нашите земји и одржување на стабилноста во клучните региони – нагласи Путин.

Рускиот претседател потоа посочи дека двете земји имаат намера да ја зајакнат соработката на вооружените сили.

Путин денеска најави и дека неговиот кинески колега ќе допатува во „државна посета” на Русија во пролетта 2023 година, што ќе биде прва посета од почетокот на пандемијата со ковид-19.

Поврзани содржини