РУСИЈА ГО РАЗОРИ СУМИ Градот без струја и вода по комбинираниот напад

Градот Суми се соочува со сериозни проблеми по рускиот напад, нема струја, нема вода, но засега без човечки жртви.

774

Руската армија изврши комбиниран напад врз градот Суми во Украина, гаѓајќи нестанбени зони и предизвикувајќи сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Началникот на Регионалната воена администрација, Олег Григоров, изјави дека засега нема пријавени жртви, но штетата е значителна.






– Непријателот изврши комбиниран напад врз Суми. Има удари кои не се во станбениот сектор. Засега нема жртви – изјави Григоров.

Тој додаде дека надлежните служби работат на терен за да го утврдат обемот на материјалната штета и да ги отстранат последиците од нападот.

Компанијата за електродистрибуција АО „Сумиобленерго“ соопшти дека по гранатирањето се пријавени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од градот и околината.

– Прекините во дистрибуцијата на електрична енергија во дел од градот Суми и округот Суми се поврзани со воената агресија на Руската Федерација – стои во соопштението.

Проблеми се јавиле и во водоснабдувањето, бидејќи нападот предизвикал дефекти во системот за електрична енергија кој ја напојува градската водоводна мрежа.

Според украинските воздухопловни сили, руските сили лансирале наведувани авио-бомби тип „КАБ“ врз градот Суми, што дополнително ја влошило ситуацијата во регионот.

Поврзани содржини