РУСИЈА ГИ ЕВАКУИРА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ИРАНСКАТА НУКЛЕАРКА БУШЕР Расте ризикот од оштетување на нуклеарниот реактор
Тоа е најголемата евакуација на руски персонал од таа електрана од почетокот на војната на Блискиот Исток – рече претставникот на Росатом.
Русија деенска започна евакуација на 198 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран, по најновиот израелски напад врз секторот на електраната што Москва претходно го осуди.
– Главниот бран на евакуација на вработените во Росатом од Иран започна денес според планот – изјави генералниот директор на Росатом, Алексеј Лихачев, како што објави агенцијата „Тас“.
Автобуси со 198 лица се упатија кон ерменската граница околу 20 минути по новиот напад врз секторот на нуклеарната централа, рече тој, додавајќи дека тоа е најголемата евакуација на руски персонал од таа електрана од почетокот на војната на Блискиот Исток.
Комплексот на таа електрана на југот на Иран беше погоден во саботата во американско-израелски напад, во кој беше убиен еден обезбедувач, објавија иранските државни медиуми. Русија делумно ја изгради централата, а руските техничари помагаат во нејзиното работење.
– Остро ја осудуваме оваа деструктивна акција – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова. Таа побара итно прекинување на нападите врз иранските нуклеарни објекти, вклучувајќи ја и нуклеарната централа Бушер.
Според претставникот на Росатом, Лихачев, веројатноста за ризик од штета или потенцијален нуклеарен инцидент за жал само се зголемува од ден на ден. Тој рече дека неколку десетици руски граѓани веќе беа евакуирани од централата во првите денови од војната.