РУСИЈА ЌЕ ГИ УКИНЕ ВИЗИТЕ ЗА КИНЕЗИТЕ Возвратен гест откако Кина ги укина визите за Русите

103

Русија ќе воведе безвизен влез за кинески граѓани, најави синоќа рускиот претседател Владимир Путин, како реципрочен гест по олеснувањето на визните правила за Русите од страна на Пекинг, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

– Русија, секако, ќе возврати на овој пријателски гест. Ќе го сториме истото – изјави Путин.






Од 15 септември Русите ќе можат да влегуваат во Кина за престој до 30 дена само со пасош, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Новата регулатива ќе биде во сила за пробен период од една година. Сегашните правила дозволуваат Русите со дипломатска или со службена документација да патуваат во Кина, а постои и билатерален договор за безвизни групни патувања.

Путин неделава беше во државна посета на Кина, каде што беше примен од претседателот Си Џинпинг. Двајцата лидери ја пофалија силата на нивното партнерство.

Поврзани содржини