РУСИЈА ЌЕ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА Сојузниците „едногласно“ ќе нападнат

Додека се зборува за над 127.000 руски војници од руската страна на границата, Пентагон би распоредил дополнителни 8.500 војници кои се во „зголемена готовност“ да асистираат, изјавил Лојд Остин, американскиот министер за одбрана. Тие би требало да се распоредат во Источна Европа, во Романија и Бугарија, но и во балтичките земји.

2,538

Евентуалната руска окупација на Украина „би ја отворила Пандорината кутија“, предупреди Линда Томас Гринфилд, амбасадорка на НАТО во Обединетите Нации. Линда алудираше на светски конфликт велејќи дека „руските активности против Украина не се само регионални“, а се закани со „агресивни санкции“ доколку не биде најдено дипломатско решение.

– Гледаме дека 127.000 војници се распоредени на границата. Русите, исто така, испратија војници и во Белорусија – рече Гринфилд, пренесува Анадолија.






Но, освен за санкциите, западните сојузници уште се договараат како ќе постапат во случај на конфликт. Додека Германија и Франција размислуваат дали да пратат војници, земјите од Источна Европа на големо соработуваат со Алијансата.

Имавме супер состанок, едногласни сме

За да го „опипа пулсот“ во Европа, американскиот претседател Џо Бајден вчера направи онлајн-средба со своите европски сојузници. Тие договориле да ѝ нанесат жестока економска штета на Русија ако ја нападне Украина.

– Имав многу, многу добар состанок. Целосно сме едногласни со европските лидери – рече американскиот претседател Џо Бајден.

На неговиот Твитер налог беше укажано дека Бајден со европските сојузници дискутирал за „заедничките напори да се одбие руската агресија како подготовка за нанесување жестока економска штета на Русија и засилување на источното крило“.

127.000 Руси и 8.500 Американци

Виртуелниот состанок беше со лидерите на Европската комисија, Советот на Европа, НАТО, Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија, соопштија од Белата куќа.

Додека се зборува за над 127.000 руски војници од руската страна на границата, Пентагон би распоредил дополнителни 8.500 војници кои се во „зголемена готовност“ да асистираат, изјавил Лојд Остин, американскиот министер за одбрана. Тие би требало да се распоредат во Источна Европа и балтичките земји.

Ќе ги засилиме Романија и Бугарија

Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, истакна дека сепак, сè уште нема одлука за тоа и укажа дека САД можат да ги искористат трупите стационирани во Европа.

– Зборуваме за потенцијално распоредување на нашите војници во земји како Романија и Бугарија – истакна Кирби во изјава за Си-ен-ен.

– Ние секогаш велевме дека ќе ги засилиме нашите сојузници во источното крило – изјави Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа. Таа додаде дека советниците за национална безбедност со сојузниците разговораат на таа тема со недели.

Од Кремљ повеќепати досега негираа дека Русија има намера да ја нападне Украина.

Поврзани содржини