РУСИЈА ЌЕ ЈА ОСВОЈУВА МЕСЕЧИНАТА Се шијат костумите, се загреваат „лунoмобилите“
Официјалните документи на „Роскосмос“ укажуваат дека првите летови до Месечината ќе бидат изведени со ракетата „Ангара“ со употреба на мал транспортен брод, а вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи.
Русија започна со подготовки за испраќање човек на Месечината, веќе се издвоени средства за овој проект, се вели во документот објавен од „Роскосмос“.
„Роскосмос“ објави тендер за проучување на проблематични прашања во врска со организацијата на летови со луѓе до Месечината, од кој на крајот треба да се направи листа на барања што вселенската технологија треба да ги задоволи за организација на таквите мисии.
„Цели на истражувањето: да се дадат предлози, препораки, барања за перспективни технологии, за елементи на ракетна и вселенска технологија, што обезбедува сигурна реализација на летови со луѓе до Месечината, работа на космонаути на месечевата орбита и површината на Месечината, земајќи ги предвид потребата за решавање на медицинско-биолошките проблеми“, се наведува во документот.
Вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи.
Официјалните документи на „Роскосмос“ укажуваат дека првите летови до Месечината ќе бидат изведени со ракетата „Ангара“ со употреба на мал транспортен брод.
Договорот, исто така, предвидува развој на нов костум за работа на Месечината и изработка на неговиот експериментален модел, средства за заштита на здравјето на астронаутите, вклучително и нови комплети за прва помош, ровери за Месечината, „лунoмобили“, вселенски бродови за испорака на товар до Месечина.
Исто така, се планира изградба на супер тешка ракета, транспортно летало со екипаж и брод за слетување и полетување од Месечината.
Договорот ќе се реализира во делови. Првите резултати треба да бидат претставени на крајот на 2022 година. Целата програма треба да се подготви до средината на ноември 2025 година.