РУСИЈА ЈА ВРАЌА ВОЈНАТА ВО ЕВРОПА Руте ги повика сојузниците на засилена одбрана

Генералниот секретар на НАТО предупреди дека сојузниците треба веднаш да ги зголемат трошоците и производството за одбрана за да се спречи конфликт со размери на војните од минатите генерации.

0

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска повика на засилување на одбранбените напори на сојузниците за да се спречи конфликт со Русија, кој би можел да достигне размери на војните од минатите генерации.

Како што пренесе агенцијата Бета повикувајќи се на Ројтерс, Руте во говорот во Берлин истакна дека премногу сојузници на НАТО не ја сфаќаат сериозноста на руската закана во Европа и дека е неопходно брзо зголемување на трошоците и производството за одбрана. Целта е да се спречи конфликт со димензиите што ги виделе претходните генерации.






– Ние сме следната мета на Русија. Се плашам дека премногу од сојузниците се тивко самозадоволни. Премногу од нив не ја чувствуваат итноста и веруваат дека времето е на наша страна. Не е. Време е за акција, и тоа веднаш – рече Руте.

Тој предупреди дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија ја врати војната на европска почва.

– Мораме да бидеме подготвени. Русија би можела да биде спремна да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години – додаде Руте.

Поврзани содржини