РУДАРСТВОТО БАРА ТЕРЕНСКИ ИНСПЕКЦИИ И БРЗО РЕШАВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА Божиновска ветува јасни правила на игра за побрз развој на секторот

Концесионерите се уверени дека со отворањето новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе се придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.

102

Најголемите концесионери во рударскиот сектор од прилепско бараат засилен инспекциски надзор на терен и почести директни средби со институциите со што побрзо ќе се решаваат отворените прашања иќе се обезбеди подобра координација во секторот.

Ова тие го посочија на средба со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска во Прилеп.






Концесионерите се уверени дека со отворањето новата канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп ќе се придонесе за поефикасна контрола, еднакви услови за работа и дополнително зајакнување на стандардите во индустријата.

На, како што информира Министерството за енергетика и рударство,  присуствуваа претставници на повеќе компании кои имаат значајна улога во експлоатацијата и преработката на минерални суровини.

Во дискусија се разговараше за тековната динамика на работа, инвестициите во модернизација на производството, предизвиците поврзани со административните постапки, како и потребата од предвидлива и стабилна регулаторна рамка која ќе овозможи долгорочно планирање и нови вложувања.

Министерката Божиновска нагласи дека државата има јасен интерес рударството да се развива како силен економски сектор, но исклучиво со целосно почитување на законските обврски, еколошките стандарди и безбедносните правила.

-Партнерството со компаниите е важно, но уште поважно е довербата на граѓаните. Затоа развојот мора да оди паралелно со одговорност, транспарентност и засилен надзор – рече Божиновска.

Поврзани содржини