РУЧЕЦИТЕ СО ЗАЕВ МИ ТРААТ 4 ЧАСА, СЕ ЗНАЕМЕ 32 ГОДИНИ Ковачевски вели дека има големо заедничко минато со експремиерот

Јас и поранешниот претседател Заев се знаеме 32 години, сме учеле факултет заедно, така што неретко се случува да комуницираме, да имаме ручек кој што трае четири, четири и пол часа на кој разговараме на многу теми, објасни премиерот Димитар Ковачевски.

835

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој рече дека со Заев се пријатели 32 години и дека учеле факултет заедно, па имале средби и комуницирале.






Премиерот рече дека на средбата разговарале за настапите на политичките партии на изборите и за патот кон ЕУ.

– Имавме средба со господинот Ахмети и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев. Јас и поранешниот претседател Заев се знаеме 32 години, сме учеле факултет заедно, така што неретко се случува да комуницираме, да имаме ручек кој што трае четири, четири и пол часа на кој разговараме на многу теми. Вчера разговаравме за тоа како државата треба да напредува кон полноправно членство во ЕУ. Секој од нас можеше да ги сподели искуствата од мандатите кој што ги имал. Разговаравме како би требало да изгледаат настапите на политичките партии на изборите, секој низ призмата на искуството што го имал – рече Ковачевски.

На прашањето дали по средбата се поблиску или подалеку од коалиција со ДУИ, Ковачевски рече дека се прават анализи во однос на тоа.

– На државата ѝ треба европска коалиција за сигурна иднина, а не за изолации. ВМРО-ДПМНЕ за жал повторно нема концепт кој што гледа напред. Сите нивни изјави се за некакви сценарија кои не се реални – истакна Ковачевски и додаде дека на изборите ќе победи СДСМ.

Поврзани содржини