📽️ РУБИО ГО ПОФАЛИ БЛУЗОНОТ „СССР“ НА ЛАВРОВ, СЕ ВМЕША ПУТИН Делегациите во Алјаска размениле весели коментари

Откако Лавров му објасни на Путин за што зборува, на снимката се слуша како Путин вели: „Империјалист!“

1,538

Ми се допаѓа вашиот џемпер, му рекол американскиот државен секретар Марко Рубио на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров на самитот во Алјаска кој се одржа во петокот, 15 август. Снимка која ја објави каналот „Русија 1“ открива интересен разгвор од средбата.

– Дали е тоа некоја алузија? Ќе ви го даде тој џемпер – додава рускиот претседател Владимир Путин возвраќајќи му на Рубио на коментарот.






Откако Лавров му објасни на Путин за што зборува, на снимката се слуша како Путин вели:

– Империјалист!

Според дописникот на „Русија 1“, Павел Зарубин, веројатно станува збор за белиот џемпер со натпис „СССР“ што го носеше Лавров кога пристигна на Алјаска. Тој носеше црн елек врз џемперот.

Според дописникот, Рубио веројатно ја пофалил облеката на Лавров на средина од состанокот, веројатно за да ја разведри атмосферата.

 

Поврзани содржини