📽️ РОНАЛДО СРЕДЕ НОЌ КИДНА ОД РИЈАД Луксузниот авион на Португалецот по ескалацијата слета во Мадрид

Луксузниот „Bombardier Global Express 6500“ полетал од Ријад и по седум часа слетал во Мадрид.

543

Приватниот авион на Кристијано Роналдо го напуштил Ријад во текот на ноќта и слетал во Мадрид, што веднаш предизвика шпекулации дека фудбалската суперѕвезда се повлекува од Саудиска Арабија поради влошената безбедносна ситуација во регионот.

Според податоците од следење на летови објавени на интернет, неговиот „Bombardier Global Express 6500“ полетал од Ријад околу 20 часот и по речиси седумчасовен лет пристигнал во шпанската престолнина нешто по полноќ. Полетувањето доаѓа во период кога бројни странски државјани го напуштаат Блискиот Исток, а дел од летовите кон Ријад се пренасочуваат или откажуваат.






Во меѓувреме, Ријад, градот каде што 41-годишниот напаѓач живее со партнерката Џорџина Родригез и нивните деца, беше погоден од ирански напади во четвртиот ден од борбите, што дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста.

Роналдо, кој настапува за саудискиот клуб Ал-Наср, моментално е надвор од терените поради повреда. Тој мораше предвреме да го напушти натпреварот против Ал Фајха, што отвори прашања дали ќе биде подготвен за претстојните предизвици.

Луксузниот авион вреден милиони

Ѕвездата го напуштила Ријад со својот „Bombardier Global Express 6500“, приватен авион што го купи во 2024 година за околу 70 милиони евра, откако се раздели со постариот „Gulfstream G200“.

Луксузниот авион собира до 15 патници и располага со повеќе одделни простории, дневна соба со софи, спална со двоен кревет и бања со туш. Леталото е целосно персонализирано и украсено со логото на фудбалерот.

Засега нема официјална потврда дали заминувањето на Роналдо е привремена мерка или најава за подолг престој надвор од Саудиска Арабија.

Поврзани содржини