Роналдо со заедничка фотографија ѝ честита роденден на Георгина ФОТО
Да живееш, љубов на мојот живот, напишал Роналдо.
Георгина Родригез, во јавноста најмногу позната по тоа дека е девојка на Кристијано Роналдо, денеска го слави својот 27-ми роденден, а Кристијано на Инстаграм објави заедничка фотографија.
– Да живееш, љубов на мојот живот – напишал Роналдо.
Георгина позирала во провокативен црвен фустан, а Кристијано е насмеан од уво до уво.
Фотографијата за само два часа собрала повеќе од 4,5 милиони прегледи, а обожувачите им упатиле многу комплименти и честитки.
„Среќен роденден на нашата кралица“, „Како пар од бајка сте“ – се дел од коментарите.