Роналдо се однесува како цар – хотелот во Сплит добил список со упатства, келнерите потпишувале посебни договори

Португалците биле пречекани од полициска придружба, а Роналдо последен излегол од авионот придружуван од телохранител.

1,255

Репрезентациите на Хрватска и на Португалија вечерва ќе одиграат натпревар од Лигата на нации во Слит. Во првиот натпревар Португалците славеа со 4:1, а ако вечерва Хрватите повторно загубат, тогаш најверојатно ќе испаднат во Б лигата.

Но, она што е многу поинтересно е тоа што португалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во Сплит, а како што пишуваат хрватските медиуми, тој имал посебни барања во хотелот каде што е сместен.






Имено, хотелот во Сплит добил список со упатства и со правила на однесување, а вработените биле принудени да потпишат посебни договори за приватност, како и да гарантираат дека во никој случај нема да контактираат со португалските фудбалери.

Протоколот бил многу строг по пристигнувањето на Роналдо на аеродромот. Португалците биле пречекани од полициска придружба, а Роналдо последен излегол од авионот придружуван од телохранител.

Меѓу другото, во хотелскиот ресторан биле поставени специјални завеси за да се спречат минувачите да ги гледаат португалски познати играчи, а полицајците беа во нивна непосредна близина за секој случај.

Поврзани содржини