Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора инсистира на истрага за тоа дали фудбалерот Кристијано Роналдо го прекршил ковид протоколот, пренесуваат италијанските медиуми.
Спадафора смета дека Роналдо не смеел да го напушти Торино за да игра за репрезентацијата на Португалија во Лигата на нациите во средината на октомври, пренесува Бета.
Требаше да остане во „заштитниот балон“ бидејќи кај младинците на Јувентус се забележани случаи на зараза со коронавирусот.
Роналдо на 11 октомври во Париз го играше натпреварот против Франција, а два дена подоцна е објавено дека тој е позитивен на коронавирусот, поради што не настапуваше во натпреварот со Шведска.
Тој во Торино се врати со приватен авион и од тогаш е во самоизолација.