РОНАЛДО МОЖЕ САМО ДА СОНУВА Овој јутјубер ги шие сите по заработка
Најплатените десет јутјубери севкупно заработиле 300 милиони долари во 2021, процени „Форбс“.
„Форбс“ ја објави листата на најплатени јутјубери за 2021 година, а на првото место се најде 23-годишниот Џими Доналдсон, познат како MrBeast (Мистер Бист).
Неговите видеа на Јутјуб имаат над 10 милијарди прегледи, а му донесоа заработка од 54 милиони долари. Во текот на изминатата година тој заработи повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои заработија околу 40 милиони долари.
Џими го надмина и 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој последните две години беше на врвот на листата. Новиот лидер Мистер Бист, кој досега беше втор, ги забавува своите фанови со акробации и шеги. Минатата година, тој пресоздаде елементи од хит-серијата „Игра на лигни“, играше криенка на стадион со 80.000 седишта и беше закопан под земја.
На списокот се наоѓаат и Markiplier (38 милиони долари), Rhett and Link (30 милиони долари), Unspeakable (28,5 милиони долари), Nastya (28 милиони долари), Ryan Kaji (27 милиони долари), Dude Perfect (20 милиони долари), Logan Paul (18 милиони долари) и Preston Arsement (16 милиони долари).
Истражувањата покажаа дека платформата Јутјуб во 2021 година имала 2,3 милијарди корисници низ светот.
Најплатените десет јутјубери севкупно заработиле 300 милиони долари во 2021, процени „Форбс“.