Не треба Кристијано Роналдо да игра фудбал за да биде во центарот на вниманието. Доволно е да седне во својата јахта во пижами.
Португалецот на својот Инстаграм поставил фотографија на која се гледа како ужива во залезот на сонцето во облека, која барем на прв поглед, би можел да ја носи некој многу помлад од него. Дел од неговите критичари на социјалните мрежи реагираат дека направил моден ексцес, но набрзо во јавноста излезе информација колку чини пижамата на Роналдо.
Станува збор за облека потпишана од модната куќа „Луис Витон“, а чини 2.200 евра.