РОМИ ПРЕТЕПАА ЧОВЕК ДО СМРТ ВО НОВО МЕСТО Насилството ги крена Словенците на нозе

Пред барот каде беше убиен 56-годишниот човек, денеска се одржува протестен собир. Премиерот Голоб свика итен состанок на повеќе институции.

2,976

Словенечката јавност е потресена од брутален инцидент што се случи во Ново Место, каде што 56-годишен маж починал откако бил претепан од група Роми. Настанот, кој се случил во саботата околу 2:30 часот наутро на улицата Розманова, предизвика најостри реакции во јавноста и во политичките кругови.

Според полициските информации, жртвата дошла во локален бар за да го земе својот син, кој претходно се пожалил дека му се заканува група Роми. Кога пристигнал, бил нападнат и тешко претепан. И покрај обидите на лекарите, подоцна им подлегнал на повредите.






Полицијата соопшти дека е уапсен еден 20-годишен осомничен, додека се трага по уште неколку лица поврзани со нападот. Министерот за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, изјави дека „државата нема да толерира вакви акти на насилство“, а премиерот Роберт Голоб најави засилени мерки за безбедност во регионот.

Претседателката на државата, Наташа Пирц Мусар, го нарече инцидентот „страшен чин што мора да нѐ натера да се запрашаме какво општество градиме“. Таа повика на брзи и решителни системски мерки и законски измени.

– Претставниците на ромската заедница мора да преземат одговорност за своите постапки… Неприфатливо е Ромите да користат заплашување и насилство врз локалните жители, што за жал овој пат има најлоши последици. Нема изговори и оправдувања за вакви дела и не може да има – рече Пирц.

Опозицијата, пак, ја обвини владата за неефикасност и побара политичка одговорност од ресорните институции.

„Наместо да ги штити луѓето, владата ги заштити криминалците“, соопшти СДС. Тие ја припишуваат одговорноста на судството и обвинителството за примена на двојни стандарди и на раководството на полицијата за игнорирање на предупредувањата. Тие веруваат дека единствениот правилен потег е итна оставка на премиерот.

Фото: Принтскрин

Градоначалникот на Нови Место, Грегор Мацедони, свика вонредна седница на градскиот совет за вторник и ги покани граѓаните да се соберат на Главниот плоштад за да испратат порака до државата дека промените се неопходни. Денеска во 10 часот пред барот каде што се случи нападот, ќе се одржи мирен протест.

Премиерот Роберт Голоб се огласи во текот на ноќта.

„Како премиер, чувствувам највисока должност за безбедноста на сите граѓани на Словенија. Вчерашниот настан нè потресе сите. Изразувам искрено сочувство до семејството на починатиот и неговите роднини, и солидарност до целата заедница“, рече тој.

За денеска во 10:00 часот, тој свика состанок со министрите за правда и за внатрешни работи, министерот за труд , главниот државен обвинител, претседателот на Врховниот суд и главниот директор на полицијата.

Според словенечките медиуми, трагичниот случај повторно ја отвори чувствителната тема за безбедноста и интеграцијата на ромската заедница во југоисточна Словенија, каде што веќе подолго време се забележува раст на тензиите.

Поврзани содржини