Романија со специјални капсули ги пренесува заразените со ковид-19
Статистиките покажуваат дека во Романија досега се заразени близу 4.000 луѓе.
Војската во Романија почна да користи необично средство за транспорт на заразените со коронавирусот, а како што пишуваат тамошните медиуми, на овој начин се спречува ширењето на заразата.
Министерството за одбрана во Романија викендов ги подигна првите две испораки од по 30 капсули за транспорт на пациенти, а како што наведуваат оттаму, капсулите се изолациска комора со систем за вентилација со негативен притисок која спречува ширење на ковид-19.
Статистиките покажуваат дека во Романија досега се заразени близу 4.000 луѓе.