РОМАНИЈА ПРЕД ПОЛИТИЧКА КРИЗА Претседателот поднесе оставка, изборите се дури во мај

Романскиот Врховен суд претходно пресуди дека Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември, треба да остане на функцијата до одржувањето на новите избори на 4 мај. Јоханис денеска поднесе оставка велејќи дека ја поштедил земјата од криза бидејќи парламентот се спрема да гласа за негова суспензија.

285

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека поднел оставка за да ја поштеди земјата од кризата што ќе настане доколку Парламентот го отповика.

– Ова е штетен потег. Наскоро романскиот парламент ќе гласа за мојата суспензија и Романија ќе влезе во криза. Целото општество ќе биде потресено. Нема повеќе да се зборува за претседателските избори. Однадвор, ефектите ќе бидат долготрајни и многу негативни. Ние ќе бидеме предмет за потсмев на светот. За да ја поштедиме Романија од оваа криза, јас поднесувам оставка како претседател на Романија – изјави Јоханис.






Тој додаде дека оставката ќе стапи на сила во среда, пренесува Роменија Инсajдер.

Романскиот Врховен суд претходно пресуди дека Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември, треба да остане на функцијата до одржувањето на новите избори на 4 мај. Пред вториот круг од претседателските избори во декември, судот ги поништи резултатите од првиот круг и најави дека мора да се повтори целиот изборен процес.

Одлуката на Врховниот суд дојде откако Јоханис ја симна ознаката за тајност на разузнавачки информации, според кои, Русија водела координирана интернет кампања за промовирање на десничарот Калин Георгеску, кој освои најмногу гласови во првиот круг од изборите.

Поврзани содржини