РОМАНИЈА ПОДИГНА БОРБЕНИ АВИОНИ ПОРАДИ РУСКИ ДРОНОВИ Издадено предупредување за опасност од воздушен напад

Борбени авиони Ф-16 на турските воздухопловни сили полетале од воздухопловната база Фетешти во Романија „за да извршат мисии за пребарување во националниот воздушен простор“ по рускиот напад со беспилотни летала во областа Одеса.

549

Романија подигна борбени авиони Ф-16 и  издаде предупредување до населението во пограничните области за време на напад со руски беспилотни летала врз областа околу Одеса во текот на ноќта. Генералниот инспекторат за вонредни ситуации на Романија издаде предупредување за опасност од воздушен напад во две окрузи – Тулчеи и Галаци – кои граничат со Украина.

Известувањата беа испратени до жителите на споменатите окрузи до 1 часот по полноќ по локално време, а предупредувањето беше на сила речиси до 3 часот по полноќ. Романското Министерство за одбрана соопшти дека новото предупредување било издадено во 05:00 часот и траело до 6:20 часот.






Покрај тоа, борбени авиони Ф-16 на турските воздухопловни сили полетаа од воздухопловната база Фетешти „за да извршат мисии за пребарување во националниот воздушен простор“. Романците нагласија дека при предупредувањето за воздушна опасност не е забележано нарушување на романскиот воздушен простор, но дека дополнително ја проверуваат областа околу Тулчеа за секој случај.

„Министерството за национална одбрана најостро ги осудува нападите извршени од Руската Федерација врз објекти и елементи на цивилната инфраструктура во украинските пристаништа на Дунав. Овие напади се неоправдани и сериозно се во спротивност со нормите на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението.

За потсетување, украинските воздухопловни сили утринава известија дека Русија ја нападнала Украина со 31 беспилотно летало, од кои 23 биле соборени. Во областа Одеса нападот се случи во три бранови, при што четири лица беа ранети, а беше оштетена цивилната инфраструктура во Одеса и Измаил.

 

Поврзани содржини