РОМАНИЈА МУ ОДГОВОРИ НА „ИДЕОЛОГОТ НА ПУТИН“ Дугин смета дека земјата ќе биде дел од Русија?

Каде можат да избегаат вокистите и демократските елити од САД? Канада? Израел? Лондон, Париз, Дубаи? Можеби Молдавија? Но, Молдавија наскоро ќе биде дел од Романија. А Романија ќе биде дел од Русија, се вели во објавата на профил на Икс кој е потпишан како Александар Дугин.

873

Романија реагираше на изјава на социјалните мрежи во која се вели дека земјата наскоро ќе стане дел од Русија. Објавата се појави на непотврден профил на Александар Дугин, познат како „идеологот на Путин“.

– Сакавме да го спречиме ширењето на токсична изјава, без разлика дали изјавата е автентична или не. Ваквите изјави станаа вирални на социјалните мрежи во Романија, па сметавме дека не смееме да останеме без реакција – рече портпаролот на романското министерство за надворешни работи, Андреј Тарнеа.






Еве како гласи пораката на Икс:

„Каде можат да избегаат вокистите и демократските елити од САД? Канада? Израел? Лондон, Париз, Дубаи? Можеби Молдавија? Но, Молдавија наскоро ќе биде дел од Романија. А Романија ќе биде дел од Русија“.

 

Тој подоцна додал:

„Можеби Австралија или Нов Зеланд, се побезбедни места засега. Европа може да падне или да заврши во рацете на десничарските популисти“.

Дугин неодамна го пофали Калин Георгеску, проруски политичар, потенцијален претседател на Романија, тврдејќи дека неговиот избор би бил позитивен затоа што се противи на прогресивизмот.

Георгеску победи во првиот круг на изборите, по скандал по кој мораше да се пребројуваат гласовите и одлуката да ја потврди Уставниот суд.

Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува дека „еден кандидат не им одговараше, па решија да го повторат пребројувањето гласови“.

 

Поврзани содржини