РОДИТЕЛИТЕ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ ПОВИКАА НА ОДГОВОРНОСТ Протест пред Јавното обвинителство

Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај. 

233

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.

Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни структури во државата.






– Сите да си дадете оставки – рече Апостолов.

Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.

Од Јавното обвинителство, семејствата на настраданите се упатија кон Собранието каде во тек е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Поврзани содржини